Премирот на Бугарија, Бојко Борисов и македонскиот премиер Зоран Заев по заедничката прес-конференција се поклонија и положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.
Борисов е во посета на земјава по повод заедничкото одбележување на двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Скопје и Софија.
Тој на денешната прес-конференција се извини што рекол „северномакедонци“ во едно негово обраќање.
Бугарскиот премиер во Скопје ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски.
Предвидено е Борисов и Заев потоа да заминат за Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.