Апелирам да бидеме сериозни. Дваесет години немаме попис. По 20 години што сме? Држава, нација? Мора да има попис и ќе има, категоричен беше премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за електронски попис. Тој додаде дека пописот почнува на 5 септември, а првата седница на парламентот е предвидена за 14 септември.
Премиерот нагласи дека пописот е олеснет со електронската база на податоци, дека се обезбедени комплетните мерки, како и дека се екипирани попишувачите.
– Се е подготвено за пописот и драго ми е што нашата земја конечно покажува капацитет да спроведе ваква статистичка операција. Многу е важно да се спроведе пописот – истакна Заев по увидот во изградбата на мостот „Љубљанска“.