Партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Бети Базиана денеска додека траеше Економскиот форум уживаше во прошетка на скопското Кале во придружба на сопругата на македонскиот премиер, Зорица Заева.
-Топло добредојде и за драгата Бети. Убав ден за пријателства, за срдечна дружба со Зорица, интересни разговори и за разгледување на градот на солидарноста. Прекрасно попладне, полно со оптимизам и ведрина, беше објавено на официјалната Фејсбук страница на премиерот Заев.