Во Кривичниот суд на денешното рочиште за случајот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, треба да бидат изнесени завршни зборови.
Со гледање на снимката објавена на Јутјуб на минатото рочиште заврши доказната постапка во овој случај.
Целосната снимка, пак, поради која Зоран Заев се товари за примање поткуп, беше пуштена на претходните рочишта во судницата без присуство на јавноста. Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го дозволи тоа.
Заев очекува ослободителна пресуда во овој судски процес, бидејќи како што изјави, се работи за монтиран случај со цел да биде спречен да ги објави „прислушуваните разговори“.
Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.