„Медиумска писменост во образованието – предуслов за учество на младите во општествените и политичките процеси во Македонија“ е насловот на конференцијата што денеска се одржа во Скопје, како завршница на тригодишниот проект „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше во соработка со дневниот весник „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон, а финансирана од Европската Унија.
На конференцијата беа презентирани наодите од истражувањето што Високата школа го реализираше во соработка со Бирото за развој на образванието при Министерството за образвание и наука, а дополнително се зборуваше и направената анализа во истражувањето за состојбата на основното образование во однос на присутноста на медиумската писменост во наставата, резулатите од фокусните групи со наставниците, а беше и претставена и компаративна анализа на образовниот систем во Словенија и медиумско описменување на учениците.
Конференцијата ја отвори директорката на Високата школа за новинарство и односи со јавноста Жанета Трајкоска, а во првиот дел од конференцијата, како панелисти своите ставови ги презентираа Фрејк Јанмат, раководител на Секторот за економски прашања, градење институции и прекугранчна соработка во Делегацијата на Европската Унија, директорот на Бирото за развој на образованието Зекирија Хасипи, професорката по македонски јазик Соња Јовановска, ученичката во гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, Теодора Кожуваровска и Александра Теменугова од Високата школа за новинарство и односи со јавноста.
По искажаните искуства, ставови и идеји на панелистите во однос на медиумската писменост, нејзината имплементација во образовниот систем, како искуствата на учениците и професорите во однос на ова прашање, беше развиена дискусија во која учествуваа голем број на професори кој работат во средното и високото образование, како и новинари и медиумски работници.
Вториот дел на конференцијата се фокусираше на Медиумската писменост низ меѓународна преспектива, каде претставниците од Националниот институт за аудиовизуелни дејности во Финска Лори Палса, раководителот на програмата за новинарство на Напиер Универзитетот во Единбург, Шкотска, Александар Коцич и директорката на Институтот за различности во медиумите од Лондон, Англија, Милица Пешиќ како панелисти зборуваа на оваа тема.