Поради врнежите од снег беше воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека. Од 10.30 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково, соопшти АМСМ. Забраната беше воведена поради врнежите од снег и ниските температури.
Поради минусните температури, автопатот Велес – Скопје утринава беше замрзнат и потрупан со снег. На фотографиите на нашата фоторепортерка Маја Јаневска-Илиева може да се забележат снежни наноси на патниот правец Велес-Скопје.
Според информациите кои пристигнаа, има застој на патарината кај Велешко Езеро во правец Велес – Скопје.
Рампите на патариниата се спуштени, а полицијата не дозволува да се помине понатаму. Вработените на наплатните рапми информираат дека патот се чисти и дека наскоро ќе ги кренат рампите, од возачите се бара трпеливиост.
Возилата веќе 15 минути чекаат во колоната, а камионите и авотбусите постојано се зголемуваат. Од патарината кај Велешко Езеро пристигнаа следните фотографии од Маја Јаневска-Илиева.