Стручните лица од интервентите екипи на АД МЕПСО по непрекината 16-часовна работа успеаја да го вклучат под напон 110-киловолтниот далновод ТС Вруток – ТС Шпиље.
Со тоа денеска во 4.15 часот создадени се услови за жителите на Дебар и неколку околни населени места да добијат снабдување со електрична енергија.
Електро монтерите на МЕПСО минатата ноќ работеа во исклучително тешки временски услови на студено и врнежливо време проследено со силен ветар. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, предизвикан од невремето, беше регистриран вчера во 10.35 часот