Постојат надворешни и внатрешни сили кои перманентно работат на проектот наречен „Република Македонија не смее да влезе во НАТО и ЕУ“, предупредува заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.
Тој на својот профил на социјалните мрежи, напиша дека овие структури народот ги виде на дело пред, за време и после референдумот, а нивните капацитети сега се насочен кон ЕУ, односно кон датумот за преговори.
– Во превод, проектот сега има полокализиран наслов и е заведен под името „Октомври“, но геостратешка цел останува иста. Во тој проект, се разбира дека се вклучени и медиумите. Понекогаш домашни, а се почесто и странски. Тоа не е ништо ново, па затоа веќе е време да се навикнеме на тој феномен. Вклучени се и пари, многу пари. А тие, такви какви што се, знаат да влезат низ сите можни дупки, без разлика колку се тесни или широки, плитки или длабоки.
Актуелната афера, без сомнение, им дојде „како нарачана“. И се разбира дека ќе ја (зло)употребат. Затоа сум уверен дека единствен наш можен и успешен одговор е- да се оди до крај. Или ќе расчистиме кој се е инволвиран, или ќе си одиме – вели Жерновски.