Евроамбасадорот Самуел Жбогар преку социјалните мрежи најави дека ќе ја напушти Македонија за 31 ден, истакнувајќи дека во преостанатите денови ќе објавува по една слика дневно што ќе му остане во сеќавањата.
– Возбуден сум што се враќам дома, но истовремено сум преплавен со емоции за времето што го оставам зад себе. Со 30 фотографии ќе го одбројувам времето и ќе се навраќам на спомените од изминатите четири години – напиша Жбогар на Твитер.
In 31 days I'll be leaving ??. I'm exited to return home, but also overwhelmed with emotions of the time I'm leaving behind. In 30 slides countdown I'll reflect on the memories of the last 4 years. 1/30 pic.twitter.com/HAUhxMVbvs
— EU Ambassador (@AmbassadorEU) August 16, 2020