Според најавите од ЦУК во Македонија пристигнале експерти за високо ризични пожари од Франција.
Надлежните во Центарот нагласија дека со француските експерти имале конструктивна средба и излегле на терен кај Ласкарце општина Сарај, односно биле упатени на извидување од воздух па на договарање тактика и метод за дејство во ПП Бригада на Скопје.
– Ги однесовме на лице место од тло да го видат пожарот во село Ласкарци, а потоа веднаш по половина час им беше овозможено и од воздух да го разгледаат теренот, за потоа да се организира состанок во Противпожарната Бригада во Скопје, на кој што беа разгледани можности, како, кој методи и кој тактики да се преземат бидејќи пожарот е на исклучително стрмен терен – потенцираат од Центарот за управување со кризи .
Според нив примарна цел е да се заштитат околните населби, за кои, како што велат засега нема опасност.