Никола Груевски си заминува со оставката од пратеничката функција. На потег сега е Зоран Заев, кој треба во пакет да си замине со Груевски од политичката сцена, смета партијата Единствена Македонија.
Од партијата на Јанко Бачев преку соопштение велат дека владеењето на Груевски и Заев ќе биде запаметено по безаконие, криминал и корупција.
– Земјата ја тресеа скандали со масовни вработувања на членови на семејствата и блиски роднини на владини функционери, кражба на народни пари од министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели, тендери од позиција на власт во милиони евра.
Секако, најстрашно е распродажбата и тргувањето на Груевски и Заев со националните и државните интереси, прво, преку антимакедонските отстапки на албанските партии и второ, преку верно и слепо слушање на своите странски газди во геноцидниот проект за уништување на Македонија и Македонците.
За волја на вистината, уништувањето на Македонија Груевски го правеше подмукло и прикриено со глумење лажен патриотизам додека Заев и не се крие и отворено ги врши предавствата спрема македонскиот народ. Исто така, на народот му продаваат романтичарски приказни дека за време на Груевски се крадело ама и се градело додека за времето на Заев само се крадело. Вистината е дека за време на криминалната приватизација власта на СДСМ украде околу 5 милијарди тогашни германски марки додека во постприватизацискиот период власта на ВМРО-ДПМНЕ украде околу 5 милијарди евра. Значи, разликата е само што едните краделе во марки другите во евра, а Груевки и Заев продолжија со грабежот на народниот имот и богатење врз грбот на народот.
Зоран Заев и Никола Груевски се дел од темното минато. Новата народна власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека сето ова ќе биде расчистено, одговорност мора да има – велат од партијата на Бачев.