SONY DSC

До крајот на денов ќе се задржи топло време со температура до 36 степени, а попладнево и утре се очекува нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Нестабилноста најпрвин ќе биде во западните делови, а потоа претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на места со засилен ветер и услови за појава на град.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, локално процесите ќе бидат и во форма на невреме.

Во петок се очекува врнежите да бидат пообилни. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната температура од 23 до 36 степени.