Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција порача дека оние кои допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста, треба телефонски да повикаат доктор.
– Луѓе коишто престојувале во овој регион на Северна Италија доколку добијат такви симптоми да не шетаат во јавно здравствени установи туку ќе бидат прегледани и тестирани доколку се инфицираат во нивниот дом – Филипче.
Патниците од ризичните подрачја при нивниот влез во земјава добиле специјални флаери со телефонски број на кој треба да се обратат доколку се посомневаат на коронавирусот.
Министерот Филипче претходно денеска рече дека не размислува за тоа сите кои доаѓаат од Италија да ги стави во карантин.
– Тие добиваат препораки што да прават – рече Филипче.
Патниците кои доаѓаат од ризичните подрачја заразени со коронавирусот, секаде во светот мораат да престојуваат 14 дена во карантин.
Кај нас, ваквите патници се пуштаат дома со основни препораки за претпазливост.
Новите истражувања на кинеските доктори покажуваат дека периодот на инкубација може да трае 24 дена, што значи дека еден човек кој во себе го носи коронавирусот може да зарази илјадници луѓе, па дури потоа и самиот да забележи симптоми на болеста. Ова е причината зошто вирусот толку брзо се расшири низ Италија.