Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, пообилни во јужните делови, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен, северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 17, а дневната од 12 до 22 степена. УВ-индексот ќе изнесува четири.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб, а попладне умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 21 степен.
Вo петок и сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.