Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот Зоран Заев. Рустеми во „Државни патишта“ доаѓа на местото на Зоран Китанов од СДСМ.
Од кабинетот на Русетми изјавија дека директорот оди во „Државни патишта“ и дека сите прашања околу најавената приватизација на поштат треба да ги одговори Владата.
Рустеми беше назначен за директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ во август 2018 година. Тој си заминува од функцијата само неколку дена по најавата за приватизација. Минатата недела премиерот Зоран Заев го најави процесот и ги задолжи сегашниот директор Рустеми, министерот за економија Крешник Бектеши и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, да подготват физибилити-студија која треба да покаже дали приватизација или јавно приватно партнерство е подобар начин за приватизација на компанијата.