На покана на Жандармскиот корпус на Ватикан, делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски од 16 до 18 април престојува во Ватикан, во склоп на подготовките на посетата на Светиот Отец, папата Франциск на Република Македонија.
Делегацијата на МВР беше примена од неговата светост Папата Франциск, а оствари средба и со Доменико Џиани, раководител на Дирекцијата за безбедност и цивилна заштита.