Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров оствари средба со двајца пратеници од германскиот Бундестаг, Метин Хакверди и Кристиан Петри.
Како што информираат од министерството, на средбата се дискутирало за европските интеграции на Македонија и за очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на Европската Унија.
Димитров се заблагодарил за неодамнешната одлука на германскиот Бундестаг за поддршка за безусловно отворање на преговорите за членство на земјава во ЕУ, како и за личниот придонес на пратениците Хакверди и Петри во промовирањето на европското досие на нашата земја.
Гостите ја поздравиле посветеноста и политичка волја за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската интеграција на земјата.