Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство вчера избегала од разговорите.
Дескоска вели дека е очигледно оти бегањето станало партиска определба на опозициската партија и најави дека ќе биде закажана јавна расправа за законот.
– Навистина жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство вчера избега од разговорите. Очигледно бегањето им стана партиска определба. Сепак, ќе биде закажана јавна расправа за законот. Па ќе видиме дали и од неа ќе избегаат – напиша Дескоска.
Навистина жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство вчера избега од разговорите….
Posted by Рената Дескоска on Сабота, 25 јануари 2020
Вчера претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата со образложение дека бараат на разговорите да биде присутен државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.
Пратеникот Антонио Милошоски по средбата изјави дека треба да се донесе квалитетен закон кој нема да е резултат на политички договарања.
На вчерашната средба во Собранието присуствуваа претставници на пратеничките групи, министерката Дескоска, претставници на ЕК во Скопје, на американската Амбасада, како и претставници на Платформата на граѓански организации за борба притив корупцијата.