Фото: Димитар Петковски

Денот на рударите беше одбележан во РЕК „Битола“ на свеченост на која присуствуваа министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски и поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, кои одржаа поздравни говори.

Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски и генералниот директор на РЕК „Битола“ Златко Ќурчиевски, го честитаа Денот на рударите.

 

На централната прослава за Денот на рударите – 29 Aвгуст, беа доделени признанија и награди на истакнати работници, како и пригодни подароци за пензионери на РЕК „Битола“ со 40 и повеќе години стаж во работата.