Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), осми декември (недела), односно девети декември (понеделник), „Св. Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Mинистерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита празникот „Св.Климент Охридски“.