Потребите и проблемите на Ромите во Македонија, нивната позиција во општеството и што согласно препораките треба да се направи за унапредување на нивната состојба се темите на јавната расправа „Ромското прашање и ЕУ интеграциите“ што денеска во Скопје го организира ромскиот интернет портал 24 Вакти.
– Со оваа дебата сакаме да покажеме дека во Македонија има Роми кои не се политчки активни или јавни функционери, а се интелектуалци, а можат да покажат некоја нова и да кажат повеќе за општествените проблеми на Ромите, рече Сали Мемед од 24 Вакти.
Тој додаде овој интернет портал, со организирањето на ваквата дебата, која е прва од планираните, сакаат да покажат дека и без проекти може да се направи нешто во врска со ромското прашање и тоа да заживее подолго отколку проектните активностите кои завршуваат со неговото завршување.
– Цел ни е Ромите конечно да се преиспитаат кај се, кои се и што се бидејќи досега политичките ромски лидери и функционери се зафатени со други работи, а не со ромското прашање, рече Мемет.
Тој потенцира дека на прашањето за унапредувањето на состојбата на Ромите треба да се работи и во иднина и оти на тоа укажува и Европската унија во препораките во извештаите за Македонија.
Ова е прва панел дискусија од серија дебати кои ќе следат во наредниот период самоорганизирани и со сопствени средства кои претставува основа за подигнување на свеста и превземање на мерки за вклучување на ромската заедница во преговорите за европска интеграција поголема одговорност на самите институции.