Министерството за здравство информира дека денеска во попладневните часови, на коронавирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот.
Станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија.
Министерството за здравство ги собира деталите за пациентите. Со дополнителните информации, министерот Венко Филипче ќе одржи прес-конференција во 19.30 часот.
Со ова, бројот на заболени од коронавирус во земјава е три.