Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес регистрира два земјотреса чии епицентри се наоѓаат 65 километри југозападно од Скопје.
Првиот во 8.14 часот со локална Рихтерова магнитуда 2,6 и вториот во 8.21 часот со локална Рихтерова магнитуда 2,9, а потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево.
Земјотресите беа почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.