Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15 агуст (сабота).
Вакво известување до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ било доставено од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19.
Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“.