Граничниот премин „Евзони“ од денеска се отвора за сите државјани на Македонија, при што за влез ќе биде потребно приложување на негативен ПЦР-тест, писмен доказ за две примени дози вакцини против ковид-19 или позитивен резултат за антитела. Оваа одлука вчера ја најави премиерот Зоран Заев преку Фејсбук.
Грчките граници беа затворени за државјани за трети земји од воведувањето на првиот карантин во март минатата година. Прекуграничните поминувања беа дозволени само за одредени категории граѓани.