Поранешниот македонски премиер Никола Груевски попладнево потврди дека добил политички азил од Унгарија, преку објава на својот фејсбук-профил.
– Денес Република Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО, одговори позитивно на моето претходно поднесено барање за добивање политички азил заради политички прогон во Република Македонија. Во барањето за политички азил наведов дека истиот го барам заради политички прогон од новата влада предводен од партијата СДСМ. Наведов дека владата сака да ми ја одземе слободата користејќи недемократски чекори и методи и злоупотребувајки го обвинителскиот и судскиот систем во Македонија – наведува меѓу другото Груевски на Фејсбук.
Денес Република Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО, одговори позитивно на моето претходно поднесено барање за добивање…
Posted by Nikola Gruevski on Вторник, 20 ноември 2018