Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со директорот на ЈП „Македонија пат“ Беким Мемети, директорот на ЈП „Државни патишта“, Ејуп Рустеми, и директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот, Илбер Села, денеска извршија надзор на замената на старите еднојазични патокази со нови, кои сега се поставуваат на албански, македонски и на англиски јазик.
По овој повод, Груби нагласи дека јазичната еднаквост ќе биде видлива по должината на Коридорот 8, со што, како што рече, ќе се одрази и реалната слика во Република Северна Македонија.
Според првиот вицепремиер, модернизацијата на Коридорот 8 и неговата реконструкција се од особено значење заради регионалното поврзување и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и е од големо економско значење за Македонија.