Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа.
„Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да го разреши од должноста в.д. директор на Царинска управа, и на оваа позиција да ја именува Славица Кутиров, досегашен заменик-директор“, соопшти Владата.
Причините за неговото разрешување не се наведени. Тој беше поставен на функцијата директор во јануари оваа година.
Претходно, Сугарески беше министер за транспорт и врски. По парламентарните избори, на негово место за министер беше именуван Благој Бочварски.