Пет големи пожари во моментов се активни во прилепско. На потегот кај месноста Тројаци, до Радобил, од околу 13:30 часот гори нискостеблеста шума, а огнената стихија не стивнува ниту кај селата Подмол, Бонче, Дебреште и Долненско каде гори нискостеблеста шума и трева.
На помош на прилепските пожарникари пристигнуваат екипи од соседните градови кои заедно со нив се обидуваат да го изгаснат огнот.
Од 15.40 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е во прекин во двата правца поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, во атарот на селото Тројаци кон селото Топлица.