Српскиот претседател, Александар Вучиќ во интeрвју за ТВ Пинк оцени дека добрососедските осноси со Македонија мора да се негуваат, во пресрет на средбата „Отворен Балкан“ во Тирана.
Вучиќ рече дека оваа иницијатива ќе го олесни движењето не само на граѓаните што би сакале да патуваат, туку и на бизнисмените и во протокот на стоки, услуги и капитал.
– Ќе ги поврземе нашите народи кои ќе имаат многу поблиски односи отколку во минатото. Ние го прифаќаме нивниот јазик, нивната нација. Им посакуваме се најдобро, на Македонците, Албанците, Србите и сите граѓани на Северна Македонија. Ние сме единствените кои немаме никаков проблем со нив – изјави Вучиќ во интервјуто за ТВ Пинк.