Универзитетот ФОН попладенво се одржа втората од петте јавни расправи за четирите нацрт-уставни амандмани.
Говорници беа премиерот Зоран заев, ректорот на Универзитетот Нано Ружин, универзитетскиот професор Темелко Ристовски, а воведничар деканката на Правниот факултет, Сејдефа Џафче.
Првата од серијата дебати за уставните измени се одржа вчера во Владата, а беа презентирани повеќе предлози и забелешки од страна на експертите од научната јавност и невладиниот сектор.
Премиерот Заев истакна дека постои отвореност и позитивни размислувања за прифаќање на одредени предлози изнесени на собраниската Комисија и на пленараната седница. Повтори дека амандманите нема да станат дел од Уставот доколку Грција не го усвои Договорот од Преспа и Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО.
Според Заев, се повеќе граѓани го прифаќаат овој процес, но треба да им се објасни што после промената на името.
По пет дена Владата ќе треба да достави Извештај од јавната расправа до Собранието, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која е потребно двотретинско мнозинство за финално усвојување на уставните измени.