Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне.Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 20 до 29 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен северен втер. Температурите ќе се движат од 16 до 25 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник.


Најмногу дожд наврна во Берово, Скопје, Пожаране…

Најмногу дожд ноќеска наврна во Берово (18 л/м2), Скопје, Пожаране, Крива Паланка, Тетово, Прилеп и Ѓуриште.

Според Управата за хидрометеолошки работи, околу 2 часот по полноќ од Албанија кон нашата земја навлезе поголема нестабилна воздушна маса од која имаше појава на пороен дожд и грмежи во подрачјето од Шар Планина, Маврово, преку Полог, па се до Скопската котлина.

Нестабилност имаше и во Мариовско, потоа во околината на Радовиш и на Струмица. Процесите се преместуваа од запад кон исток.

И во претпладневните часови ќе се задржи претежно облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат во јужните и источните делови од земјава, каде ќе има пообилен дожд ( локално над 20 л/м2).