Со два прелета, грчките воени авиони изутринава извршија првични пробни летови во пресрет на најавеното патролирање на македонскиот воздушен простор.
Целта на прелетите кои биле изведени во периодот помеѓу 7.30 и 9.30 часот, била проверка на комуникацијата и радарската покриеност на македонскиот воздушен простор.
Тестирањата се извршени за потребите на НАТО-мисијата за заштита на воздушниот простор на земјите-членки на Алијансата, како и кон исполнувањето на условите во воздухопловството од страна на Македонија, како идна рамноправна членка на НАТО.