Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност на северозапад. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.