Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 8 до 17 степени, а максималната ќе достигне 33 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.
Во наредните денови следува период на потопло време со пораст на дневните температури. Во петок во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и грмежи.