Времето денеска ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со температура од 16 до 34 степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса следува период на претежно сончево време со пораст на температурата. Особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната седмица, кога на места максималните температури ќе достигнат 41 степен.