Во Солун, Грција, денеска ќе се одржи конференција на тема „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“.
По покана на алтернативниот министер во грчкото Министерство за надворешни работи, Милтијадис Варвициотис, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, ќе биде дел од специјалната дискусија.
Преку учеството на вицепремиерот Димитров заедно со министрите за европски и надворешни работи од регионот, како и словенечкиот претставник на претседателство со Советот на ЕУ, ќе се дискутираат ставовите на земјите и граѓаните од Западен Балкан и ЕУ во однос на иднината на Европа.
Настанот се одржува на маргините на 85. меѓународен саем во Солун и е дел од грчкиот национален дијалог во рамките на конференцијата за иднината на Европа како делиберативен процес за одредување на идните насоки на европската интеграција.