Владата го утврди конечниот текст на предлог-законот за прогласување дел од Шар Планина за национален парк и донесе заклучок да биде доставен на усвојување во Собранието.
Како што веќе беше објавено, основната цел на ова законско решение е прогласување дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – национален парк заради обезбедување заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности како добра од јавен интерес.