Државната изборна комисија извести дека тече постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември.
Заклучно со вчерашниот ден, вкупно 5164 лица се провериле во избирачкиот список. Поднесени се вкупно 11 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и четири барања за измена на податоците во избирачкиот список.
Исто така, до Државната изборна комисија, на адресата на е-пошта [email protected] се поднесени вкупно 17 барања.