Годинава за првпат денешниот празник Богојавление – Водици поминува без традиционалното скокање по светиот крст, поради епидемијата со ковид-19.
Денот е одбележан со свети литургии во црквите и нивните дворови.
Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.
Според православната традиција денес се осветуваат водите и се одржуваат манифестациите за фаќање на светиот крст. Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година.