ВМРО-ДПМНЕ најави протест за 28 ноември во 17 часот, по навршувањето на една година од судскиот процес за случајот „27 април“.
– Навршува точно една година од приведувањето на невини патриоти и родољуби кои на 27 април се најдоа во Собранието на Република Македонија од патриотски побуди. Невини патриоти понесени од патриотски причини и побуди, актери, глумци, оперски пејачи, режисери, уметници, пратеници, полициски службеници кои си ја извршувале професионално својата должност и сите останати граѓани година ипол го трпат изживувањето од страна на СДСМ дека организирале измислен тероризам. Овие луѓе имаат единствен грев, а тоа е што си ја сакаат државата. По тој повод, ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица на точно една година од приведувањето на овие невини луѓе, патриоти, на 28 ноември, среда идната недела, на точно една година од отпочнувањето на најмонструозниот конструиран процес во историјата на Република Македонија – се наведува во соопштението на партијата.
Протестот ќе почне 28 ноември во 17 часот со место на тргнување од Плоштад ВМРО и ќе заврши пред владата на Република Македонија.