По повод Денот на албанската азбука делегација на Владата, го посети Музејот на албанската азбука во Битола.
Делегацијата ја предводеше вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, кој одржа и пригодно обраќање.
Груби истакна дека 22 ноември е еден од трите столба на создавањето на албанскиот идентитет и современиот генетски код, почнувајќи од 10 јуни 1878 година со одржувањето на Лигата на Призрен, со прогласувањето на независноста на 28 ноември 1912 година и претходно со Конгресот на Битола во 1908 година.
– Со напори на владата, во соработка со националната установа Музеј на азбуката, постигнато е реновирањето на овој објект од особено значење за Албанците, во вкупен износ од 240 илјади евра – нагласи тој.
Груби исто така најави дека Музејот на албанската азбука во Битола ќе биде дополнително збогатен со придонес на Националниот музеј на Албанија. Тој рече дека разговатал и со косовскиот амбасадор Ѓерѓ Дедај од кого побарал истото да го направи и Косово.
Во делегацијата покрај Груби учествуваа и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири.