Владата на денешната 95-та седница ја прифатија информацијата за обезбедување деловен простор за отворање Инфо – центар за евроатлантски интеграции.
Целта, како што соопшти владината прес-служба, е да се обезбеди простор за активен дијалог и дебата за евроатлантските интеграции.
Проектот предвидува организирање промотивни настани, дебати и други активности преку кои на граѓаните ќе им се доближи процесот на евроатлантските интеграции и ќе го зголеми нивното знаење за истиот.