Портпаролот на Владата, Душко Арсовски одговарајќи на новинарско прашање за ветингот во судството, информираше дека министерот за правда во првите 100 дена од мандатот ќе излезе со план за овој процес .Арсовски истакна дека државата не може да ја направи оваа филтрација, туку процесот треба да го спроведат и завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.
– Државата може само да даде временска рамка и начин како тоа да се направи. Според информациите што ги имаме од 2019-2020 само судскиот совет разреши 8 судии. Оваа година, се почнати постапки за 83-ца за застареност на предмети, несоодветно постапување и слично. Мора да се напомене дека целиот процес изгуби на интензитет поради пандемијата – нагласи Арсовски и посочи дека Владата не се откажува од овој процес зашто тоа е ветено пред граѓаните и ќе се оствари.
Тој дополни дека како дел од овој процес е проверката на имотот на судиите, а во кој е вклучена Државната комисија за спречување на корупцијата.