На предлог на Комисијата за именување, Владата на синоќешната 19-та седница согласно добиеното позитивно мислење од Државниот правобранител на Македонија, именува 19 државни правобранители.
Како што соопшти владината прес-служба за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Скопје именувани се Лепосава Веноска, Кристина Грозданоска, Елена Саздовска, Земиле Кодра и Недим Исмани, за подрачјето на Куманово Драган Јовановски и Бесим Весели, за подрачјето на Охрид Агрон Речи, а за подрачјето на Струмица Татјана Донкова.
За државен правобранител за подрачјето на Гевгелија именувана е Мирослава Панарова, за подрачјето на Велес Валерија Николова, за подрачјето на Штип Билјана Симонова-Тасева, за подрачјето на Кавадарци Сузана Костова-Коцева, за подрачјето на Битола Ѓоко Талевски, за подрачјето на Прилеп именуван е Киро Северкоски, а за подрачјето на Кочани Олгица Јанева.
Владата на седницата за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Тетово го именуваше Фетуш Алили, за подрачјето на Гостивар Илбер Јусуфи, а за подрачјето на Струга Катерина Талевска-Скепароска.