За физичките лица 75 отсто пониски глоби, а за малите фирми 2,5 пати помали казни, предвидува Предлог-законот за прекршоци што беше усвоен денеска на владина седница.
Како што соопшти Владата, целта на законот е намалување на ригорозните казни за граѓаните и за фирмите.
-Казните ќе бидат сразмерни и нема да го загрозуваат работењето и опстанокот на фирмите, ниту ќе го отежнуваат животот на граѓаните. Исто така, предлог-законот предвидува и опомена заради превенција – информира владината прес-служба.