Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја именуваше Владанка Андреева од Македонија за постојан координатор на Обединетите нации во Азербејџан, пренесува „Тренд“, повикувајќи се на ООН.
Андреева има 21-годишно искуство во областа на меѓународниот развој, хуманитарната координација, застапување и градење партнерства, што ги има стекнато во рамките на Обединетите нации, преку повеќе акции низ Европа и Азија.
Во Обединетите нации, таа неодамна ја извршуваше функцијата директор на земјата за Заедничката програма на Обединетите нации за ХИВ / СИДА во Камбоџа и ги предводеше тимските работни групи на Обединетите нации за подготвеност при ковид-19.
Пред тоа работела како советник за стратешка интервенција на регионалната канцеларија на УНАИДС за Азија, чија цел е зајакнување на стратегиите на програмите за човекови права.
Претходно беше водач на тимот за мониторинг и проценка на УНАИД во Виетнам. Андреева работеше и на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) како советник за политика за Европа и Заедницата на независни држави и беше советник на постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. Таа ја презеде оваа позиција откако работеше во Светската здравствена организација (СЗО) и Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни работи, исто така во Северна Македонија.