За време на викендот ќе преовладува стабилно време, со умерен до засилен северозападен ветер, информира УХМР.
Во попладневните часови ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд.
Во почетокот на наредната седмица повторно на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има извесно зголемување на облачноста.
Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 9 до 16, а максималната ќе се искачи од 22 до 30 степени.
Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер, претежно од северозападен правец, повремено ќе се засилува. УВ=8.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 28 степени. УВ=8.