Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Од пладневните часови претежно во посеверните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи со засилување на претежно западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
В недела нестабилноста ќе биде претежно попладне и во источните делови од земјата. Од понеделник следува сончево време со побрз пораст на температурите и особено топло време на средината на работната недела.