Денес се одбележуваат триесет години од прогласувањето на слободна, суверена и независна Македонија – 8 Септември. Чинот на прогласувањето останува запаметен со легендарниот настап на групата „Меморија“ на плоштадот Македонија, а свеченоста беше пренесувана од Македонската Радио Телевизија.